Некогаш големиот талент на шпанскиот фудбал, Серхио Каналес се сели во Мексико каде што ќе игра за тимот на Монтереј.
Досегашниот играч на Бетис се сели во Мексико во трансфер вреден 10 милиони евра, и плус дополнителни седум во вид на бонуси. Истиот е во траење од три години до 2026 година.
Фудбалерот минатата сезона забележа 42 настапи за Севиља, постигнувајќи 6 гола и 3 асистенции. За репрезентацијата на Шпанија Каналес има 11 натпревари и 1 гол.