Нашите млади спортисти утре на борилиштата на Европскиот младински олимписки фестивал

113

Европскиот Младински Олимписки Фестивал (ЕМОФ) во  Марибор, Словенија и официјално беше отворен на свечена церемонија на која учествуваше и нашата делегација. Знаменосец беше џудо репрезентативецот Никола Магдески кој е еден од неколкуте наши спортисти кои веќе од утре ги почнуваат и спортските настапи.

Според објавениот распоред на натпревари прв стартува плувачот Стефан Тодоров. Тој утре изутрина ќе плива во квалификациите на 100 и 50 метри слободно. Утре исто така стартува и нашиот млад и надежен атлетичар Брајан Авија. Тој е пријавен во квалификациите во скок во далечина.

Џудистот Матески во среда почнува со натпревари во категоријата до 66 килограми, а на стартот за противник ќе го има Јурак Одкладај од Словачка.

ПретходноЗабицер и официјално во Борусија Дортмунд
СледноНекогашниот тренер на „романтичарите“ го посети Работнички во Словенија (ФОТО)