Ивановски доминантно го почна настапот во Австрија

111

Калин Ивановски успеа да ја мине првата пречка на фјучрс турнирот во австрискиот град Крамсах. Тој во првото коло го совлада Петер Голдстејнер од Австрија со 2-0 во сетови (61, 60). Турнирот во Крамсах се игра за награден фонд од 25.000 долари.

Ивановски, кој е рангиран како втор носител во следното коло ќе игра против уште еден домашен тернисер Сил Гаџери (18 години), кој на турнирот настапува со вајлд карта и во првото коло беше подобар од својот сонародник Грегор Хаусбергер со 2-0 во сетови (63 62).

Во конкуренција на двојки Ивановски заедно со Елдин Хусеиновиќ утре ќе играат против италијанско-американската комбинација Томасо Карневале Мино и Сем Лејпидес.

ПретходноЕве како Модриќ, Алаба и Крос го гаѓаат голот од корнер! (ВИДЕО)
СледноДинамо (З) и Ристовски веќе чекорат кон 3. коло од ЛШ (ВИДЕО)