Марјан Радески: Имаме поволна ждрепка, само треба прво да се мине Будуќност

200

Утре на СРЦ “Билјанини Извори“ во Охрид со почеток од 17 часот, Струга ТЛ ќе го одигра првиот натпревар од двомечот со Будуќност во 2.квалификациско коло во Лигата на Конференции.

По се она што се случи минатата недела на реваншот со Жалгирис, кога нашиот шампион несреќно беше елиминиран во валификациите во ЛШ, сега мислите се насочени само кон Будуќност.

Марјан Радески за тоа што претстои, но и за тоа како ја коментира ждрепката вчера во Нион, каде Струга ТЛ за евентуален ривал во 3.квалификациско коло во ова натпреварува, би го имала победникот од двомечот меѓу ТНС (Велс) и Хеспер (Луксембург), изјави:

Добро работевме на последните тренинзи во пресрет на утрешниот меч, исто така ривалот добро е анализиран. Секако е дека потребно да се даде 200 насто од себе ако се сака да одиме натаму. Да кажам дека имаме и поволна ждрепка во третата рунда, но за тоа прво треба да се мине Будуќност. Тоа е тим со голема историја и традиција. Треба да се респектира, но Струга ТЛ сака да оди натаму, тоа е нашата цел во моментов. Јас веруваме во тоа. Исто така ги повикувам фановите да дојдат и да ни ја дадат поддршката и утре, тие се наш 12-ти играч. Ги уверувам дека ќе ги наградиме со добра игра и добар резултат“ изјави напаѓачот на стружани.

ПретходноТен Хаг: Има напредок во потрагата по напаѓач
СледноТрпчевски: Повредата е минато, со Хакен сакаме и групна фаза, а едвај чекам да се вратам во репрезентација