Хансер Микел Родригез потпиша за Вардар

230

Засилувањето на тимот на Вардар продолжи со ангажирањето на 21-годишниот кубански ракометар Хансер Микел Родригез. Тој го стави потписот на договорот со најтрофејниот машки македонски ракометен тим, и во следните две сезони ќе биде дел од екипата. Хансер Родригез е вториот Кубанец што ќе игра во Вардар.

На 18 години од Куба се пресели во Португалија каде играше за Спортинг Лисабон. Со тој тим дебитираше и во Лигата на Европа, а потоа беше дел од составите на Портимоненсе и на Брага.

За првиот и вториот тим на Спортинг има одиграно 27 натпревари и постигна 63 погодоци, додека за Брага минатата сезона на 28 меча да де 86 гола.

Родригез важи за ол-раунд играч, кој покрај тоа што игра на позицјата лев бек, исто тако може да игра и како лево крило и среден бек.

Кубанскиот играч е четвртото официјално засилување за клубот досега.

ПретходноОд денес во продажба билетите за Шкупи – Левски
СледноКомити во чест на Методија Андонов Ченто