„Ако ПСЖ не престане со дискриминаторското однесување, Мбапе може да оди на суд и да го раскине договорот!“

683

Матија Грасани, адвокат и експерт за спортско право, вели дека не е исклучено прашањето за иднината на Мбапе во ПСЖ да заврши на суд.

„Доколку се потврдат вознемирувачките и дискриминаторските однесувања на клубот кон играчот, можен е раскин на договорот“, изјави Грасани на новинарско прашање за ситуацијата со Мбапе.

„Мбапе може да си замине ако однесувањето не е ограничено само на неповикување на лигашки натпревари и, наместо тоа, се повторува ситуација на недостаток на внимание кон играчот и негова клупска изолација, поради апсолутно јасна причина, неговат ажелба да не го продолжи договорот. Кога играчот ќе влезе во последната година од договорот, на кое било ниво, фазата е критична и ’бракот’ може да се распадне. Доколку до 13 август Мбапе биде спречен да врши активности со првиот тим, да учествува на тренинзи, на средби со тренерите, да биде дел од натпреварите, ќе може да ја бара правдата на суд. На овој начин, би можел да добие раскин на договорот, финансиска компензација и слобода да потпише со кој било друг клуб“, тврди адвокатот.

Мбапе и натаму е во сериозен конфликт со управата на ПСЖ која го присилува да потпише нов договор, додека играчот сака како слободен да замине во Реал следното лето.

ПретходноВоска подобра од Елбасан во пријателски меч
СледноКвича потпишува нов договор со Наполи и добива тројно повисока плата!