Антиќ и КФСМ ќе го спасуваат Еуро Никел!

1091

Еуро Никел и официјално се згасна сам. Кавадаречката гордост се најде во ситуација од која немаше друг излез освен да се предаде и да се откаже од настапот во Првата лига.

Иако од канцеларијата на КФСМ веќе беше испратено писмо до Ангели како наследник на местото на Еуро Никел, сепак работите се променија.

Перо Антиќ, претседателот на КФСМ, заедно со своите соработници лично се погрижи овој тим да не згаснае. Отиде на средба кај градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. Целта била наоѓање на решение за моменталната состојба и останување на кавадаречкиот состав во елитата.

Но, прашање е колку сето ова може да се среди, кога тимот е во долгови, а затоа и блокиран од страна ФИБА кога станува збор за ангажирање на странски играчи.

ПретходноДинамо на Стефан Ристовски против Астана на Алекса Амановиќ
СледноБудуќност без Андрија Ражнатовиќ против Струга ТЛ