Баерн прашува за голманот на Брендфорд

107

Германските медиуми пишуваат дека во потрагата по нов голман, тимот на Баерн Минхен се концентрира во моментов на чуварот на мрежата на англиски Брендфорд, Давид Раја.

Шпанецот е дел од Брендфорд од 2019 година и за него клбуот бара околу 40 милиони евра. Тоа не е мала сума, но Баерн и покрај сознавањето на оваа информација, и натаму се интересира за Раја.

Тој на два пати минатата сезона настапи за репрезентацијата на Шпанија, а на 39 настапи забележа 12 меча без примен гол.

ПретходноКвича потпишува нов договор со Наполи и добива тројно повисока плата!
СледноМеси го претвори Интер Мајами во машина: Два гола на Аргентинецот и нестварен рекорд (ВИДЕО)