Денеска во Словенија се одигра пријателскиот меч меѓу Работнички и Трабзонспор, тимот каде што настапува и нашиот Енис Барди. Па така пред средбата убав гест од страна на „романтичарите“ кои му подарија дрес на Работнички на Енис со неговото име.
Секако дека тој не пропушти да се фотографира со него, со дресот на клубот од Градски парк.