До последен момент сите се надеваа дека Никола Јокиќ ќе биде главното оружје на Србија на Светското првенство, но тоа не се случи.
Тренерот Светислав Пешиќ го објави списокот на играчи на кои смета на почетокот на подготовките и ги разочара Србите.
Богдан Богадановиќ, капитенот на оваа репрезентација по прес-конференцијата подетално разговараше со новинарите и во таа прилика откри дека тоа што му го кажал Јокиќ во телефонски разговор.
„Јокиќ ми се јави и пријателски ми рече дека психички не може да одговори, но дека може да дојде, но нема да биде вистинското. Како кошаркар го разбирам тоа, но ги разбирам и луѓето кои не го разбираат тоа.
Како што кажав претходно, некои момци играа и си обезбедија место таму, а сега се некои други луѓе тука.
Можеби тоа натпреварување треба да има поинаква форма, можеби ФИБА треба да почне да ги плаќа играчите. Не знам, има милион причини“, изјави Богдановиќ.