Динамо (З) и Ристовски веќе чекорат кон 3. коло од ЛШ (ВИДЕО)

153

Со убедлива победа од 4:0, Динамо (З) на нашиот репрезентативе капитен Стефан Ристовски со две нозе исчекори кон 3. квалификациско коло во Лигата на шампионите. Во блескави први 45 минути на „Максимир“, Динамо дојде до 3:0, кои во вториот гол беа крунисани и со поубедлив триумф, откако Лука Иванушец вечерва постигна хет-трик.

Ристовски беше стартер за хрватскиот првак и ги одигра сите 90 минути на оваа прва средба.

Dinamo Zagreb [1]-0 Astana – Bruno Petković 36′ (Free kick taken quickly)
by u/atbg1936 in soccer

Dinamo Zagreb [2]-0 Astana – Luka Ivanušec 41′
by u/atbg1936 in soccer

Dinamo Zagreb [3]-0 Astana – Luka Ivanušec 43′
by u/atbg1936 in soccer

Dinamo Zagreb [4]-0 Astana – Luka Ivanušec 56′ (great goal, hattrick)
by u/atbg1936 in soccer

Македонскиот репрезентативен голман Дени Илиев, по повредата денеска остана на клупата на фунскиот првак ХЈК Хелсинки во минималната победа на неговиот тим над Молде од 1:0 во првиот меч од 2. коло во квалификациите за ЛШ.

Интересно е што Жалгирис кој во 1. коло ја елиминираше Струга, вечерва приреди изненадување откако во мечот со Галатасарај пред своја публика одигра 2:2 и најави дека може да биде незгоден ривал за турскиот великан и на реваншот по седум дена.

ПретходноИвановски доминантно го почна настапот во Австрија
СледноВоска подобра од Елбасан во пријателски меч