Осасуна ја доби жалбата против УЕФА и ќе игра во Европа

155

Осасуна во новата сезона ќе игра во Конференциската лига откако шпанскиот клуб ја доби жалбата на одлуката на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА), соопштија од клубот. Истата се однесуваше на наводно наместена средба од април 2007 година за која се испостави дека се нема докази па клубот од Ла Лига е ослободен од обвинувањата. Осасуна минатата сезона заврши на седмото место во Ла Лига.

„По темелно разгледување на доказите обезбедени од клубот, УЕФА утврди дека тимот на Осасуна е жртва на околности кои датираат од пред повеќе од една деценија. УЕФА ја признава Осасуна како тим кој има право да учествува на овогодинешните изданија на европските клупски турнири“, соопштија од клубот.

Осасуна ќе влезе во конференциската лига во плејоф рундата. Ждрепката за него ќе се одржи на 7 август, а натпреварите се на 24 и 31 август.

ПретходноМекиќ уште една година во Задар! (ФОТО)
СледноШто се случува: Ал Наср преку видео го претстави својот нов дрес, во него го нема Роналдо! (ВИДЕО)