Неверојатната понуда на Ал Хилал за Килијан Мбапе ги шокираше дури и најплатените спортисти во светот. Саудијците официјално му понудија на ПСЖ рекордни 300 милиони евра обештетување за Мбапе, иако договорот со Катарците му завршува за само 11 месеци и без разлика што тој е во војна со парискиот клуб затоа што сака да си замине.
И ова не е се. На Мбапе му нудат пакет лични примања од дури 700 милиони евра и тоа за само една година. Откако за него ќе платат вкупно милијарда евра, една година подоцна ќе го пуштат во Реал.
По оваа информација во јавноста се огласија ѕвездите од НБА-лига. Јанис Адетокумбо прв се огласи на својот „Твитер“ профил. Им порача на Ал Хилал да го земат него бидејќи личи на Килијан Мбапе.
Al Hilal you can take me. I look like Kylian Mbappe 😂😂👀 pic.twitter.com/VH0syez3VX
— Giannis Antetokounmpo (@Giannis_An34) July 24, 2023
На големата понуда се огласи и Леброн Џејмс: Ова сум јас на пат за Саудиска Арабија откако од таму ги повикаа моите агенти и ми го понудија тој едногодишен договор.
Me headed to Saudi when they call @RichPaul4 & @mavcarter for that 1 year deal! ✌🏾🤷🏾♂️😁 pic.twitter.com/IX0VSMZYNb
— LeBron James (@KingJames) July 25, 2023