Прва победа за нашите млади надежи: Норвешка падна во второто полувреме

122

Младата кошаркарска репрезентација на Македонија за играчи до 18 години ја оствари првата победа на Б-Европското првенство во Португалија. По стартните порази од В. Британија и Австрија, вечерва нашите надежи успеаја да ја совладаат селекцијата на Норвешка со убедливи 100:80.

Одлуката падна во вториот дел, кога нашите млади кошаркари успеаја да го скршат отпорот на противникот. Норвешка добро се држеше до полувремето, но потоа проработи нашиот шут и разликата се зголемуваше за на крајот да дојдеме и до убедлив триумф.

Одличен меч за нас одигра Никола Јаничиќ кој постигна 24 поени, а Шошкиќ со 15 поени беше втор стрелец во нашиот тим. Добра партија имаа и Иванов со 13 и Лукановски со 12 поени.

ПретходноИ Бутел ги започна подготовките за новата сезона
СледноЕве како Модриќ, Алаба и Крос го гаѓаат голот од корнер! (ВИДЕО)