Ремзифаик Селмани од пред некој ден не е веќе член на Партизани Тирана, шампионот на Албанија. Некогашниот член на младинската селекција на Македонија, одлучи по само седум месеци да си замине од Партизани и да ја продолжи кариерата во некој друг клуб.
Според нашите информации, напаѓачот веќе има неколку понуди од клубови од Албанија и Македонија, така да не нема да чекаме на неговиот нов клуб.
Инаку Ремзифаик Селмани (26), е дете на Ренова, има играно и во Шкендија, Ујпешт и Мезоковесд (Унгарија), Лапи (Косово), а во пролетниот дел беше член на албанскиот шампион Партизани Тирана.