Синот на Леброн Џејмс колабирал на тренинг, итно префрлен во болница!

149

Лоша вест од САД во врска со семејството на Леброн Џејмс. Имено неговиот најстар син Брони Џејмс (18) вчера имал срцев застој на тренинг на својот колеџ тим. Веднаш му била дадена прв помош а потоа бил итно пренесен во болница. Во моментов состојбата е стабилна.

Се огласија и од семејството на Леброн Џејмс соопштение во кое ја потврдија информацијата:

Состојбата на Брони сега е стабилна и тој веќе не е на интензивна нега. Ве молиме за почитување и за чување на приватноста на семејството Џејмс“ се вели покрај другото во соопштението.

ФОТО: Twitter

ПретходноПортугалски репрезентативец го засили РК Вардар 1961! (ФОТО)
СледноДеари успешно ги мина квалификациите во Нови Сад