Екипата на Манчестер Јунајтед е во екот на подготовките летово, и моментно се наоѓа на туренја во САД, но тоа не го спречува менаџментот на клубот интензивно да работи на пронаоѓање на нов напаѓач. Кристијано Роналдо си замина минатата сезона, а потоа Јунајтед кубуреше со оваа позиција.
„Има напредок, да“, одговори Тен Хаг на прашањето како оди потрагата по напаѓач.
„Ама знаете како е.Кога ќе имаме нешто конкретно ќе бидете известени. Сè што можам да кажам е дека даваме се од себе за да доведеме напаѓач. Да беше до мене, тоа ќе се случи што е можно побрзо. Колку побрзо, толку подобро, затоа што мораме да го вклопиме во тимот, на нашиот начин на игра“ – рече Тен Хаг.
Менаџерот на Јунајтед од друга страна одби да коментира дали клубот е заинтересиран за Килијан Мбапе.