Трпчевски: Повредата е минато, со Хакен сакаме и групна фаза, а едвај чекам да се вратам во репрезентација

383

Македонскиот младински репрезентативец Филип Трпчевски со својот тим Хакен летово стартуваше сосема солидно на интернациоанлна сцена. Го мина прелиминарното коло во квалификациите за Лигата на Шампионите, па утре го очекува дуел со шампионот на Фарски Острови, Клаксвик на гостински терен.

Трпчевски летово прави кам бек по повредата на коленото. Сериозен пех кој младиот напаѓач го оддалечи од терените, но кој очигледно дека не остави преголем белег. Тој игра со полна минутажа како повредата и да не се случила.

„Најпрво благодарност што ете се сетивте на мене. Благодарам на прашањето одлично се чувствувам, повредата е минато и не чувствувам никакви последици од неа. Ногата, и моето тело воопшто, никогаш не ми се чувствувале подобро, затоа што во рамките на рехабилитацијата работев на сите детали. Секако, формата ќе оди во нагорна линија како ќе минувам минути на теренот“ –  ни изјави младинскиот репрезентативец на Македонија.

Неговиот тим реално е фаворит против шампионот на Фарски Острови, но реално Клаксвик и тоа како може да изненади, затоа што тоа е тимот кој го елиминираше големиот Ференцварош со фантастични 0:3 среде Будимпешта.

„Не се оптоваруваме премногу околу противникот искрено. Гледаме ние да одиграме како што знаеме, и како што треба. Одиме меч по меч, но верувам искрено дека имаме квалитет и капацитет да за стигнеме и до групната фаза на Лигата на Шампионите“ – вели Трпчевски за Спорт.спорт.мк.

Секој сака да игра за репрезентација, дуелот Шведска – Македонија ќе биде интересен

Македонската репрезентација до 21. година пак својот нов квалификациски циклус го почнува на познато тло за Трпчевски. Против Шведска во Јонкопинг на 8 септември.

„Секако дека се радувам на тој дуел и на евентуалниот настап за Македонија. Тоа ќе биде интересен меч за мене но и за сите останати актери. Искрено се надевам дека со моите игри летово ќе заслужам не само повик туку и минутажа на тој меч“ – ни рече Трпчевски за Спорт.спорт.мк.

ПретходноМарјан Радески: Имаме поволна ждрепка, само треба прво да се мине Будуќност
СледноНа Бугарите се нешто им пречи: Левски ја информирал УЕФА за цената билетите за мечот во Скопје!