Првиот техничар на македонската одбојкарска репрезентација, Ѓорѓи Ѓорѓиев следната сезона ќе ја мине во дресот на турскиот суперлигаш Бурса ББСК. Како што потврдија од клубот, тие денеска потпишаа договор со нашиот „плеј“, кој ќе биде едно од трите странски засилувања за Бурса во новата сезона.
Ѓоргиев во моментов е на подготовки со нашата репрезентација пред престојното Европско првенство во Скопје. Тој минатата сезона го носеше дресот на Камбраи Волеј во Франција, но во вториот дел од сезоната беше дел од турскиот шампионат каде настапуваше за екипата на Хатај Беледиеспор. Бурса минатата сезона во турската елита заврши на 6. место.
За Ѓорѓи турскиот шампионат е одлично позната средина затоа што има настапувано и во екипата на Мили Пјанго во периодот од 2015 до 2018 година.