Јокиќ веќе го нема најбогатиот договор во НБА: Браун потпиша за 304 милиони долари!

181

Никола Јокиќ го нема веќе најбогатиот договор во НБА. Од престолот Србинот е симнат и тоа од Џејлен Браун, кошаркарот на Бостон, кој го продолжи договорот со Селтикси на пет години и тоа за неверојатни 304 милиони долари или по 30,8 милиони долари по сезони и тоа нето, што е за 5 милиони повеќе од оној на Јокиќ.

Овој договор стапува на сила од сезоната 2024/25. Во договорот стои дека оваа сума Браун ќе ја добие гарантирано. А може да добие плус одредени бонуси според договорот во зависност од условите.

ПретходноФК Вардар: Го решивме проблемот, Вардар ќе игра во ПМФЛ!
СледноДуро: Максимална почит за Будуќност, но ние сме фаворити