Динамо на Стефан Ристовски против Астана на Алекса Амановиќ

117

Денеска се играат првите мечеви од второто квалификациско коло од Лигата на Шампионите во кое се среќаваат екипите на Динамо Загреб односно шампионот на Казахстан Астана.

За домаќинот Динамо, секако на неговиот Максимир една од главните улоги ќе игра македонскиот репрезентативен капитен Стефан Ристовски додека пак од спротивната страна ќе биде некогашниот младински репрезентативец на Македонија, Алекса Амановиќ.

Првиот дуел од овие два квалитетни тима во многу ќе одлучи кој ќе мине понатаму, а Динамо секако дека е фаворит пред се поради искуството во Европа.

Мечот стартува од 20:00 часот.

Од друга страна пак, Дејан Илиев со својот тим Хелсинки се среќава со шампионот на Шведска, тимот на Молде. Илиев на минатиот меч се здоби со потрес на мозокот, но сега се е во ред со него.

 

ПретходноКомити во чест на Методија Андонов Ченто
СледноАнтиќ и КФСМ ќе го спасуваат Еуро Никел!