Што се случува: Ал Наср преку видео го претстави својот нов дрес, во него го нема Роналдо! (ВИДЕО)

576

Наистина што се случува? Дали има некоја лоша конекција меѓу Ал Наср и Кристијано Роналдо? Имено клубот од Ријад преку видеи го претстави својот нов дрес, но во него ја нема мега – ѕвездата. По ова веднаш “духовите се вознемирија“ кај фановите на Португалецот. Тука се Брозовиќ, Телес, Фофана…но Кристијано го нема.

Инаку денеска во Осака, пријателски меч одиграа Ал Наср и ПСЖ, резултатот беше 0:0. Секако дека Кристијано Роналдо, како и секогаш, беше во центарот на вниманието. Па така непосредно пред мечот, едно од дечињата кои ги придружуваат играчите излегувајќи на теренот, имаше спремено фломастер, дресот беше на него.

И кога е така, тогаш Роналдо мораше да се потпише, да подели еден автограм на задоволство на малиот јапонски фан.

 

ПретходноОсасуна ја доби жалбата против УЕФА и ќе игра во Европа
СледноСелмани “раскина“ со Партизани!