Денешниот тренинг на ФК Вардар кој сеуште се наоѓа на подготовки во Златибор, за момент беше прекинат по повод денешниот датум, и одбележувањето на 60. годишнината од катастрофалниот земјотрес кој го погоди Скопје во 1963 година.
Тренерот Бобан Грнчаров за момент ја прекина работата на тренингот, и им порача на фудбалерите со едноминутно молчење да оддадат почит на загинатите во таа голема трагедија.