Струга ТЛ по првите 45.минути против Будуќност има водство од 1:0, иако според шансите и играта, требаше да биде барем 3:0. Одличен настап на стружани, а Бесарт Ибраими иако стрелаше во мрежата на гостите во 30.минута, сепак имаше барем уште две големи шанси за уште некој гол,. Имаше шанса и Радески шанса за гол, но сепак на пауза се замина само со тие 1:0. Гостите од Подгорица се тотално надиграни, имаат голема среќа што губат само со еден разлика по првиот дел од првиот дуел од двомечот во 2.квалификациско коло во Лигата на Конференции.