Противникот на Македонија без двете големи ѕзведи во Талин!

109

Селекцијата на Чешка, еден од нашите противници на претстојниот турнир од претквалификациите за Олимписките Игри, во Талин, го објави планот на подготовки.

Чесите ќе учествуваат на турнир во Португалија каде ќе се сретнат со домаќинот, со Брегот на Слоновата Коска и со Јордан.

Од 4. до 6. август, Чешка ќе биде домаќин на силен турнир кој ќе се одржи во Брно и на кој ќе учествуваат репрезентациите на Аргентина и Белгија.

Она што е особено важно е дека во конкуренција за настап на овие претквалификации не се поставени двете најголеми ѕвезди на оваа репрезентација, Јан Весели и Томаш Саторански.

Македонија и Чешка ќе се сретнат во последниот меч од олимписките претквалификации во Талин, поточно на 15. август.

ПОШИРОК РОСТЕР НА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ЧЕШКА: Рихард Балинт, Јаромир Бохачик, Давид Бом, Ондреј Ханзлик, Војчех Хрубан, Одреј Хустак, Џејмс Карник, Михал Козак, Вит Крејчи, Мартин Криж, Томаш Кузлинк, Мартин Петерка, Виктор Пулпан, Шимон Пуршл, Ондреј Сехнал, Спенсер Свејцар, Матеј Свобода

ПретходноАтаман го најде 10-тото засилување, Пао ќе плати половина милион евра
СледноЈусуф Нуркиќ на излезната врата од Портланд