Вест која секако дека ќе ги растажи сите фанови на Новак Ѓоковиќ, на најголемиот тенисер во историјата на овиој спорт. Новак има 36 години, досега освои 23 гренслем турнири и сите се прашуваат до кога.
На ова прашање за “Спортал.рс“ свој одговор има таткото на Новак, Срѓан Ѓоковиќ.
“Не дека сега е крај, но за година и половина веројатно. Мојата желба како татко е тој веќе одамна да завршеше со кариерата. Видете, ова веќе не е спорт, тенисот стана страшно тешка работа, и физички и психички. Новак од животот има уште малку, па тој 30 години е во тенисот“ рече покрај другото Срѓан Ѓоковиќ.