Типична американска работа, доаѓаат да го гледаат Лео Меси, плаќаат скапи билети за него, а кога тој ќе излезе од теренот тогаш нема шоѕ, тогаш си одиме сите дома, без разлика што минутата е 77. и што има да се игра барем уште 20 минути.
Така беше и последниот меч на Интер Мајами ноќеска против Атланта. Лео во 77.минута беше повлечен од теренот на 4:0, а домашните фанови во поголем дел си заминаа од своите седишта од трибините на стадионот.
Ако го нема Меси, што ли ќе гледаат?
Нема што, срамно однесување…
Timelapse video of Inter Miami fans pouring out of the DRV PNK after Messi subs off in 77th minute. The downside of GOAT Watching. 🐐pic.twitter.com/cYB4u42Fcj
— Men in Blazers (@MenInBlazers) July 26, 2023