Килијан Мбапе одбил да разговара со претставниците на Ал Хилал од Саудиска Арабија кои денеска допатуваа во Париз лично да го убедлуваат францускиот репрезентативец да ја прифати нивната понуда вредна скоро 1 милијарда евра!
Како што објави весникот „Л’Екип“, делегација на тимот од Персискиот залив денеска беше во француската престолнина за да го комплетира потписот на бразилското крило Малком и се надеваше дека ќе го искористи патувањето зао средба со Мбапе и неговиот агент. Сепак, 24-годишниот напаѓач и неговата придружба одбија да се сретнат со нив.
Мбапе јавно ја објави својата намера да остане во Париз следната сезона.