Летово Панатинаикос се впушти во голема реконструкција на тимот, донесе дури девет нови кошаркари, а наскоро ќе пристигне и десеттиот.
СДНА објави дека новиот тренер Ергин Атаман го сака во својот тим Александер Балчеровски.
Полјакот игра за Гран Канарија, со која минатата сезона го освои Еврокупот, во кој по вторпат ја доби наградата Звезда во подем, па ПАО подготви отштета од 500.000 евра за да ја активира откупната клаузула, објави истиот извор.
Балчеровски на тој начин би станал десеттото засилување на „зелените“.
Досега во Атина пристигнаа Папапетру, итоглу, Слукас, Грант, Вилдоза, Гај, Мораитис, Костас Адетокумбо и Лесор.