Како што дознаваме, по цели шест години, Бесир Демири (28) се враќа во Шкендија. Членот на младата селекција на Македонија до 21.година, која играше на ЕП за млади 2017 година во Полска, е пред потпис со тетовскиот клуб кој сензационално ја заврши европската одисеја и тоа уште на стартот кога беше елиминиран од полуамтерски состав од Велс.
Дознаваме дека преговорите се веќе завршени, остануваат само уште некои ситни детали да се разрешат и тој да стави потпис за Шкендија.
Инаку Демири покрај Шкендија во својата кариера има играно и за Шкупи, Вардар, Мариупол, Жилина, Кукс, Динамо Тирана…