Бетис го официјализира трансферот на Иско во стилот на „Game of Thrones“

180

Шпанскиот прволигаш Реал Бетис денеска го објави потписот со играчот од средниот ред Иско. Прес-службата на Андалузијците го најави иско со фрагмент од тв-серијата Game of Thrones, кога Џон Сноу воскресна по ритуалот.

Според некои информации, Иско и Бетис потпишале едногодишен договор. Иско минатата сезона забележа 12 настапи за лутиот ривал на Бетис, екипата на Севиља каде имаше две асистенции.

Иско претходно објави дека заминал од Севиља затоа што за малку физички ќе се пресметал со спортскиот директор на клубот Мончи.

ПретходноДуро задоволен од триумфот: Можевме и поубедливо
СледноКапитенот се прости од Ливерпул: Секогаш ќе бидам „црвен“ – до смрт!