Кевин Дурент е еден од најдобрите играчи во НБА. Дојде во Феникс да се обиде да ја освои титулата, таму се создава супер тим.
Тој пред јавноста зборуваше за ништо помалку, туку за марихуаната. Тој е еден од инвеститорите во компанијата за канабис и благодарение на него дојде до промена на договорот меѓу играчите и лигата.
Постигнат е нов договор, според кој марихуаната се симнува од листата на забранети производи. На овој начин на кошаркарите им се овозможува да промовираат и рекламираат компании кои се занимаваат со производство на канабис.
„Го повикав комесарот на лигата, Адам Силвер, и му реков да ја тргне марихуаната од списокот на забранети супстанции. Забележав дека повеќе нема негативна стигма околу неа, и тој се согласи со мене кога разговаравме“, вели Дурент.
Тој веќе дојде на интервју „надуван“, тврди дека не е единствениот и дека користењето марихуана е сосема нормална работа во НБА.
„Силвер разбра и во која насока оди. Сите користат марихуана, таа стана како вино“, заклучи Дурент.
Инаку, челниците на НБА лигата последните три години не ги тестираа играчите на марихуана и се очекува така да биде и следната сезона.