Денешната победа над Будуќност во 2. Коло од Конференциската лига на УЕФА донесе задоволство и кај првиот човек на клупатана стружани. Шефот на стручниот штаб, Шпетим Дуро, по мечот зборуваше со суперлативи за тимот, иако признава дека неговите играчи требало и поубедливо да го добијат црногорскиот тим.
„Победата во европските натпреварувања е многу важна и тоа денеска го постигнавме, не само со резултатот, туку и со играта. Во првото полувреме екипата беше подобра, посвежа, можевме да постигнеме повеќе голови, а второто полувреме беше повеќе за управување со резултатот. Ова е многу важна победа за Струга против противник, против кој бевме во улога на фаворит пред средбата. За Струга Трим Лум ова беше само 5-ти меѓународен натпревар. Благодарение на сериозноста на клубот, челниците на тимот и играчите кои успеаја да ја испратат Струга на вакво ниво заслужија да бидат наречени фаворити“, зиајви на прес-конференцијата по мечот Дуро.