Македонија убедливо поразена од Исланд!

157

По релативно изедначеното прво полувреме, нашата машка селекција „Под 18“ години застана во второто и загуби од Исланд со 92:59. Со пораз од Исланд нашите млади кошаркари го завршија првиот дел од првенството во Португалија.

Имаа релативно добри моменти во првото полувреме во кое противникот водеше, и тоа постојано. Имаше и двоцифрен плус, но на крајот од втората четвртина намаливме на достижни (32:36).

Но следуваше голем пад во играта, лоша трета четвртина, по која јуниорската селекција на Исланд се стекна со недостижни (62:41).

Во далеку од идеалното офанзивно издание, како она пред неполни  24.часа, на средбата со Норвешка, Марко Луканоски запиша 13.поени, имаше и шест скока. Јакимовски постигна 11.поени (имаше и пет скока), а Шошкиќ и Величковски по осум поени.

Со скор од една победа и три порази, завршуваме на 4. позиција во групата „А“, од која селекциите на Австрија и на Велика Британија одат во четвртфиналето

По ден пауза, на 28.јули (петок), нашата јуниорска репрезентација ќе ги почне натпреварите за пласман од 9. до 16. позиција на ова ЕП од Дивизијата „Б“ во Матошинос. За противник ја имаме третопласираната селекција од групата „Б“, Унгарија.ЕП – „ПОД 18“-MAЖИ-ДИВИЗИЈА „Б“- МАТОШИНОС 2023

ГРУПА „А“

РЕЗУЛТАТИ 5. КОЛО

Норвешка – Велика Британија 73:84

Исланд – МАКЕДОНИЈА 92:59

Австрија – слободна

ТАБЕЛА

1.Велика Британија         4          4          0          324:273        8

1.Австрија   4          3          1          320:289        7

3.Исланд     4          2          2          311:292        6

4.МАКЕДОНИЈА    4          1          3          301:333        5

5.Норвешка 4          0          4          291:360        4

ПретходноЧелниците на Ал Хилал доаѓаат во Париз, ќе го “молат“ Мбапе за потпис!
СледноСтружани со прв европски триумф, но пропуштија да го “наполнат“ Будуќност!