На пливачкиот Мундијал во Фукуока денеска австралиската репрезентацивка Моли О’Калахан постави нов светски рекорд на 200 метри слободно, воедно освојувајќи го секако и златниот медал.
Таа го постави најдоборото време на светот 1:52,85 подобрувајќи го еден од најстарите рекорди кој досега беше сопственост на Федерика Пелегрини уште од 2009 година.
Втора беше Аријана Титмус, трета, Самер Мекинтош.