Со оглед на тоа дека Партизан не успеа да го ангажира Никола Миротиќ, иако се беше договорено, сега тргнува по една од најголемите ѕвезди на Барселона, а тоа е Аргентинецот Николас Лапровитола. Медиумите во Србија пренесуваат дека директно Жељко Обрадовиќ ги води преговорите и дека има големи шанси аргентинскиот плејмејкер да потпише за Партизан, што секако ќе биде големо засилување за белградските „црно – бели“ кои не кријат дека во наредната сезона имаат големи амбиции во Евролигата.