Нема што, силна е оваа Беса. Второлигашот од Добри Дол денеска во Банско со 3:0 успеа да го совлада Алтин Асир, тим од Туркменистан. Беса која во следната сезона во ВМФЛ влегува како најголем фаворит за првото место, одиграла навистина добар меч а имала и шанси за уште поубедлив триумф. Головите ги постигнаа Заниа, Хамса и Скендери.
Во Кавадарци попладнево во пријателски меч силите ги одмерија Тиквеш и Вардар Неготино. Победи домашниот состав со 2:1.