Утрешниот дуел од второто квалификациско коло за Конференциската лига кој се игра во Скопје, на Арената Тодор Проески од 21:00 часот помеѓу екипите на Шкупи и Левски Софија има свои пропратни елементи кои мора едноставно да бидат истретирани.
Организаторот има полни раце работа, затоа што како што е известена јавноста Левски за своите навивачи, побарал 1600 билети. Колку од нив ќе пристигнат ќе видиме, а она што мора да се напомене е дека истите ќе бидат сместени на западната трибина на Арената.
Ништо специјално освен фактот што таа иста трибина е домот на Комити, навивачите на ФК Вардар, и трибина која што реално многу малку навивачи со дурги бои ја користеле.
Особено во моментов и затегнатите односи помеѓу Македонија и Бугарија, ова е момент кој мора да се нотира, а како ќе реагираат Комити на ова останува да видиме.