Голем дел од Европа беше зафатен од силно невреме, а најтешко беше погодена Италија, особено регионот Ломбардија. Невремето не го заобиколи ниту Милано каде имаше голема материјална штета предизвикана од силните налети на ветерот.
Ветерот направи огромна штета и на куќата на напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез.
Невремето ја уништи градината, а уништен е и добар дел од терасата, како и дел од покривот на куќата.
Во моментот на невремето во куќата била неговата сопруга Агустина, која на социјалните мрежи ги објавила утринските последици од силното невреме.
Лаутаро моментално се подготвува со Интер и најважно е дека неговото семејство е добро и никој не е повреден.