Ц. Звезда ја посрамоти Фиорентина „петардирајќи“ ја во Белград (ВИДЕО)

527

Белградска Црвена звезда на генералната проба пред новата сезона ја декласираа Фиорентина со 5:0 (5:0) во пријателски меч одигран денеска во Белград.

Ова беше генерална проба за шесткратниот последователен шампион на Србија, пред почетокот на новата сезона.

Фиорентина во Белград дојде прилично доцна претходната вечер, на сред подготовки, кога на играчите им беа тешки нозете, а црвено-белите ги пречекаа со полна брзина, подготвени за настап во Лигата на шампионите. Долго ќе се раскажува начинот на кој тимот на Барак Бахар го уништи финалистот од Конференциската лига со пет гола уште во првото полувреме.

Во 8. минута Олајинка му ја украде топката на невнимателниот Мартинез и погоди во празна мрежа за 1:0. „Блиц-кригот“ продолжи и во 11. минута кога Мирко Иваниќ проигра за Жан-Филип Красо кој погоди за 2:0.

1:0

2:0

Повеќе од 30.000 навивачи на трибините на стадионот „Рајко Митиќ“ беа во транс веќе во 14. минута кога Иваниќ погоди за 3:0. Во 23. минута кога Олајинка со втор гол ги доведе домашните и до 4:0, за конечните 5:0 во првиот дел, но и на крајот на мечот да ги постигне Букари од пенал во 27. минута.

3:0 

4:0

5:0 

ПретходноКапитенот се прости од Ливерпул: Секогаш ќе бидам „црвен“ – до смрт!
СледноПелистер го совлада Охрид во пријателски меч (ВИДЕО)