Рексам кој пред две години го купија холивудските актери Рајан Рејнолдс и Роб Меклхени е светски хит, влегоа во четвртата лига, Велшаните се на турнеја во Америка, а синоќа успеаја да го совладаат Јунајтед со 3:1. Тен Хаг на теренот играше подмладен, шарен состав, но сепак, ова е историска победа за Велшаните.
Необичната формација на Јунајтед беше причината за поразот. Фудбалерите на Рексам создадоа повеќе шанси и заслужено победија, а на почетокот на вториот дел Ден Гор заработи црвен картон.
Хејден и Ли донесоа водство од 0-2, Хурадо на момент ја врати надежта (1-2), но во 69. минута Дабли ги постави конечните 1-3.
Следниот тест Манчестер Јунајтед ќе го има на 27 јули против Реал Мадрид и Тен Хег во него ќе ги користи своите главни играчи. Досега тимот последователно ги победи Лидс (2-0), Лион (1-0) и Арсенал (2-0), пред поразот од Рексам.