Јусуф Нуркиќ следната сезона најверојатно нема да го носи дресот на Портланд Трејл Блејзерс. Според информациите на американските медиуми, раководството активно е во потрага по тим за размена на босанскиот репрезентатувец. Па токму затоа нема да биде чудо ако си замине после шест години.
И натаму стои опцијата Нуркиќ во пакет со Лилард да замине на Флорида, а во спротивен правец би заминале Кајл Лаури, Тајлер Хиро, Хаиме Хакез Јуниор и пикови од првата рунда на драфтот од 2028 и 2030 година.
Босанскиот центар моментално е под четиригодишен договор вреден 70 милиони долари. Останаа да му бидат исплатени 52,5 милиони.
Минатата сезона Нуркиќ во дресот на Портланд имаше просек од 13,3 поени и над девет скока, а во кариерата во која се уште настапуваше за Денвер Нагетс имаше просек од 12,3 поени и 8,6 скока по натпревар.