Арапите „бација врата“: Мбапе не сакал да се сретне со преставниците на Ал Хилал

184

Килијан Мбапе одбил да разговара со претставниците на Ал Хилал од Саудиска Арабија кои денеска допатуваа во Париз лично да го убедлуваат францускиот репрезентативец да ја прифати нивната понуда вредна скоро 1 милијарда евра!

Како што објави весникот „Л’Екип“, делегација на тимот од Персискиот залив денеска беше во француската престолнина за да го комплетира потписот на бразилското крило Малком и се надеваше дека ќе го искористи патувањето зао средба со Мбапе и неговиот агент. Сепак, 24-годишниот напаѓач и неговата придружба одбија да се сретнат со нив.

Мбапе јавно ја објави својата намера да остане во Париз следната сезона.

ПретходноБугарите се жалат на ужасната состојба на тревата на Националната Арена
СледноДуро задоволен од триумфот: Можевме и поубедливо