Тимот на Шкупи утре со почеток од 21:00 часот на Арената Тодор Проески го игра првиот меч од второто квалификациско коло од Конференциската лига против тимот на Левски од Софија. Далеку посериозен противник од оној претходниот, Хегелман кој беше пробен уште на негов терен.
Џиад Арслан, тренерот на Шкупи, смета дека овој двомеч против Левски е нешто сосема поинакво, дека пред неговиот им предстои сериозен противник, квалитетен, искусен иако се работи за пред се млада екипа.
„Секако дека Левски е посериозен противник од оној кој го имамвме претходно. Секако нов меч и нова стратегија за истиот. Се менува целиот концепт на мечот, и нормално дека се подготвуваме со оглед на противникот. Левски има одреден тип на играчи, и ние се подготвуваме за нив. Левски е сериозна екипа, со години е дел од Европските натпреварувања. Левски игра напаѓачки фудбал и има таков тип на играчи. Покажавме и слаби страни, и тоа мора да го поправиме. Ќе пробаме да бидеме покреативни“ – рече Арслан, па додаде.
„Секој резултат е позитивен резултат кога е победа во прашање. Што се однесува до самиот тим, нашиот тим е тим кој игра технички фудбал. И тоа секогаш е тешко да се постигне на терен особено против квалитетен противник. Кога ќе победиш со 5:0 имаш повеќе стрес окдколку радост. Затоа што е тешко да се помириш со фактот дека си победил толку. Тешко е да сфатиш дека си победил со толку разлика. Испишавме историја со тој резултат но тоа е само еден резултат и одиме понатаму. Левски е клуб со историја, но и млада екипа. Просек од 23. години. Одлични странци. Голманот има само 18. години, а веќе има цена од 1.5 милиони евра. Ние ја подмладивме екипата, имавме просек од 28, сега имаме 24. Со напорна работа мислам дека ќе постигнеме нешто што не е достигнато досгеа. Мојата цел е не само оние први единаесет кој ќе настапат, туку и оние кои ќе добијат и половина час да го дадат максимумот“ – изјави стратегот на Шкупи.
Али Адем: Не сме „летнати во облаци“ по Хегелман, ова е сосема нов меч
„По дуелот со Хегелман, сите сме фокусирани на овој меч. Со помош на навивачите се надеваме на поволен резултат. Не, далеку од тоа дека сме летнати во облаци по онаа изведба против Хегелман и победата од 0:5. Време е за нови нешта, тоа е сега зад нас. Фокусирани сме максимално и веруваме во успех. Овој тим на Шкупи може многу, а тоа ќе го докажеме и на утрешниот меч“ – изјави играчот за врска на Шкупи.