Бесмир Бојку: Будуќност е добар тим, но Струга ТЛ оди на победа!

105

Попладнево од 17 часот на стадионот “Билјанини Извори“, нашиот шампион, тимот на Струга ТЛ, во првиот меч од 2.квалификациско коло ќе ги одмери силите со Будуќност, првакот на Црна Гора.

Јасно е дека стружани посакуваат што подолго лето, имаа среќа на  ждрепката за тоа евентуално 3.коло, но секако дека треба да се мине прво Будуќност.

Бесмир Бојку, “моторот“ на стружани, во пресрет на денешниот дуел истакнува:

„Имаме против себе добар тим, шампион на својата земја. Во изминатите денови добро се подготвивме за двомечот со Будуќност, противникот е анализиран во детали. Знаеме добро против кого играме, во оваа фаза нема лесни противници. Добра вест е што имавме среќа на ждрепката во таа трета евентуална рунда, но прво мора да го елиминираме Будуќност. Секоја чест за гостинот, но Струга ТЛ денеска ќе оди на победа. Ги повикувам фановите да ни ја дадат потребната поддршка, имаме златна можност да испишеме клупска историја, овие моменти ќе се паметат“ заврши Бојку.

ПретходноЧетворолигаш го победи Јунајтед, Тен Хаг излезе со поинаков состав (ВИДЕО)
СледноДурент призна: Марихуаната е како вино во НБА-лига