Капитенот се прости од Ливерпул: Секогаш ќе бидам „црвен“ – до смрт!

474

Капитенот на Ливерпул, Џордан Хендерсон денеска е прости од навивачите на клубот, откако и официјално беше потврден неговиот трансфер во саудиски Ат Етифак.

„Тешко е да се искажат со зборови овие 12 години, а уште потешко е да се каже збогум. Јас секогаш ќе бидам црвен. До смрт. Ви благодарам за се. Никогаш нема да бидете сами“, напиша Хендерсон на своите социјални мрежи.

33-годишниот фудбалер се сели во Ал Етифак со договор на три години. Ливерпул ќе добие 12 милиони фунти (13,8 милиони евра) како обештетување за Хендерсон.

ПретходноБетис го официјализира трансферот на Иско во стилот на „Game of Thrones“
СледноЦ. Звезда ја посрамоти Фиорентина „петардирајќи“ ја во Белград (ВИДЕО)