ЛК: Струга ТЛ ја посакува првата европска победа!

81

Денеска нашиот шампион, тимот на Струга ТЛ ќе го одигра својот петти меч во фудбалска Европа во својата куса историја, која трае само 8 години. Попладнево од 17 часот на стадионот СРЦ “Билјанини Извори“ во Охрид, стружани го дочекуваат Будуќност во првиот дуел од двомечот од 2.квалификациско коло во Лигата на Конференции. Ете ја златната шанса за Струга ТЛ да се израдува со победа, со добар резултат пред реваншот на 1 август во Подгорица.

Да потсетиме пред две години Струга ТЛ со Лиепаја, во 1.квалификациско коло во ЛК, одигра 1:4 и 1:1, а ова лето со Жалгирис во 1.квалификациско коло во ЛШ одигра 1:2 и 0:0.May be an image of text that says 'DAY UEFA EUROPA CONFERENCE LEAGUE" 20 STRUGA FK BUDUĆNOST 15 1925 TRIM & LUM BILJANINI IZVORI OHRID 17:00 #FORCASTRUGA #WEARESTRUGA'

Па, време е за прва европска победа, за испишување на клупската историја.

Сепак, Будуќност и покрај тоа што е во тешка криза, менување на директори и тренери, овој тим е најголемиот, најтрофејниот во Црна Гора. И да не заборавиме, Будуќност веќе има елиминирано македонски клуб и тоа Работнички во летото 2016 година во 1.квалификациско коло во Лигата на Европа. Во Скопје беше 1:1, тна тој меч Елиф Елмас го постигна својот деби европски гол, а во Подгорица беше 1:0 за домашниот состав и Црногорците се пласираа понатаму.

Струга ТЛ треба да има мотив повеќе и поради фактот дека ако го мине Будуќност, има убава ждрепка и за следната фаза, значи на нашиот шампион широко му се отвараат вратите од пласман во плеј – офот во Лигата на Конференции. Само треба да се биде мудар, да не се прават грешки како на реваншот со Жалгирис во Охрид кога се направи од готово вересија.

Овој меч треба да се добие, да се одигра за своја душа, за клубот како и за фановите кои секако дека и попладнево на “Билјанини Извори“ ќе дојдат да бодрат Струга Трим Лум.

ПретходноСимболот на Комити седиште на Бугарите
СледноВардар го прекина тренингот за момент во име 60. годишнината од земјотресот во Скопје (ВИДЕО)