Џудистот Магдески уште на стартот поразен на ЕМОФ во Марибор

112

Еден од македонските преставници на Европскиот Младински Олимписки Фестивал во Марибор, Словенија, џудистот Никола Магдески уште на стартот ги заврши настапите во категоријата до 66 кг.

Магдески во првото коло загуби од Словачкиот репрезентативец Одкладај Јурак при што согласно системот за натпревари не доби право на репесажна борба. Со оглед дека оваа категорија беше една од најмасовните и најсилните, нашиот натпреварувач не успеа да се избори за повисок  пласман.

Сепак учеството на ваков престижен натпревар со најдобрите џудисти од цела Европа   претставува пред се  искуство, но и обврска да се продолжи со континуиран тренажен процес.

ПретходноПелистер го совлада Охрид во пријателски меч (ВИДЕО)
СледноМесто Мбапе, ПСЖ на Ал Хилал му го дава Верати