Шкупи вечерва на Арената Тодор Проески во Скопје, и покрај желбата и мотивот да обезбеди добар резултат на првиот од двата дуели против Левски во рамките од второто квалификациско коло за Конференциската лига, сепак, мора да се помири со поразот од 0:2, и веројатната елиминација, ако нешто сензационално не се случи за седум дена во Софија.
Чаирчани одиграа добро, пред се во првиот дел, но за жал шансите кои ги создаде не ги искористи, па следуваше казна.
„Имавме три шанси во првиот дел.Тој еден лош шут, кој се претвори во додавање, за нив е добитен вечерва. Задоволен сум од односот на моите играчи,покажаа страст. Жал ми е за вториот гол, доста работевме на корнерите, но ете, последни секунди пад на концентрација, немам што да замерам. Честитки за Левски, но резултатот на овој меч не е реален. Би сакал да дадам еден коментар околу судијата. Како може да се случи, односно мора да има некакво правило околу делегирањето на судиите, кога се знае дека нашиот следен потенцијален следен противник, треба да е од Литванија или Израел. Епа како може судијата на овој меч да е од Израел. Резултатот, да не е во наша полза но ние далеку од тоа дека одиме во Софија да се предадеме, напротив. Одиме да одиграме повторно добро, и да ги поправиме грешките. Што се однесува до изборот на Хамиди за во нападот, поради лошиот терен и високите дуели. Затоа се одлучив за него, а не заТрапановски, Воша…за останатите кои влегоа и одиграа добро за минутажата која ја добија“ – изјави тренерот на Шкупи, Џихад Арслан,