Интер и Баерн се пред договор: Зомер ќе биде нов голман на „нероаѕурите“

104

Интер и Баерн речиси се договориле за трансферот на голманот Јан Зомер.

Преговорите за трансферот на голманот се во напредна фаза, а „нероаѕурите“ очигледно ќе успеат да го добијат Зомер како замена за Андре Онана кој замина во Манчестер Јунајтед. 

Некои новинари пишуваат дека италијанскиот клуб ќе му плати на германскиот првак сума од 4 милиони евра, плус бонуси за потписот на Швајцарецот. Самиот Зомер сака да им се приклучи на миланезите и веќе наводно ги договорил личните услови. 

ПретходноМВР потврди: Приведени 9 бугарски навивачи поради напад на полициски службеници
Следно„Бугарска“ победа на Левски во Скопје, со два удара до 0:2 против Шкупи (ВИДЕО)